УЕФА даде „зелено светло“: Барселона се враќа на „Камп Ноу“

Фудбалскиот гигант Барселона конечно доби дозвола од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) да се врати на „Камп Ноу“ кој се модернизираше во изминатите месеци.

Каталонските медиуми објавија дека УЕФА даде „зелено светло“ и Барселона ќе може да ги игра натпреварите од Лигата на шампиони (ЛШ) на својјот стадион.

Барселона ќе биде домаќин во дуелите против ПСЖ, Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт и Копенхаген во ЛШ.