Убиствен тандем: Фернандеш асистира, Погба брутално погодува (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер јунајтед игра одлучно по паузата која настана поради панемијата со коронавирус, а тоа го демонстрира и вечерва на гостувањето кај Астон Вила, каде води со убедливи 3-0.

Гостите во 58. минута успеаја да дојдат до 0-3, откако Бруно Фернандеш од корнер го пронајде Погба, а овој со хируршки прецизен удар го матираше Пепе Реина.