Требаше да стане шампион со Леверкузен за да добие нов договор од Баерн!

Баерн Минхен му даде нов договор на Јосип Станишиќ кој минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Баер Леверкузен.

Станишиќ не само што ја освои титулата со Баер Леверкузен, туку му даде и гол на неговиот Баерн Минхен во дерби пресметката во Бундеслигата.

Хрватот за кој беше одлучено дека во минатата сезона нема место во Баерн Минхен, сега доби нов договор со подобрени услови.

„Да играм за Баерн Минхен ми значи се. Фан сум на Баерн откако паметам за себе. Татко ми ја всади таа љубов, ме носеше на натпревари како фан на стадион. За мене ова е најголемиот клуб во светот. Минатата сезона научив многу, беше добро да излезам од мојот Минхен. Стекнав голема самодоверба и се враќам со желба за докажување“, изјави Станишиќ по потпишувањето на договорот.