Трансферот на Вилијамс во Барселона пропаднал поради - претседателот на Ла Лига!

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс долго време се поврзуваше со трансфер во Барселона, меѓутоа на крајот реши да остане во Атлетик Билбао и да потпише десетгодишен договор, а медиумите откриваат што го натерало да направи таков потег.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас често зборуваше против Барселона, а медиумите го обвинија дека на состанок со раководството на Атлетик Билбао покажал финансиски податоци од работењето на каталонскиот гигант и така го уништил трансферот на Вилијамс.

Тебас е обвинет дека на состанокот открил детали за финансиите на Барселона и покажал дека шампионот не може да го регистрира Вилијамс, односно ќе има потешкотии за такво нешто поради финансиските проблеми.

Атлетик веднаш го контактирал Вилијамс и неговиот агент и ги известиле за ситуацијата, по што беше потпишан новиот договор меѓу двете страни.