Тотнем има план како да го спаси Бејл од шиканирање на „Сантјаго Бернабеу“

Финалистот во Лигата на шампионите, лондонски Тотнем има план да го спаси својот поранешен фудбалер Герет Бејл од хорор на „Сантјаго Бернабеу“, па на велшката суперѕвезда ѝ понудил заем вреден 10 милиони фунти.

Бејл е во немилост кај тренерот Зинедин Зидан и француската легенда нема намера да го задржи крилниот фудбалер во следната сезона, ама Велшанецот не сака да си оди во Мадрид. Дури има најави дека Зидан „подготвува“ казна со тренинзи со вториот тим само за да го принуди Бејл да си замине.

И поради најавите дека може да биде шиканиран во Мадрид, Тотнем сака да го спаси својот поранешен фудбалер од такво нешто. Но, лондончани немата пари за да го откупат Велшанецот (100 милиони евра), ниту да му дадат плата каква што има во шпанската престолнина (16 милиони евра годишно). Затоа и понудиле опција да го земат на едногодишен заем за 10 милиони фунти и 250.000 фунти неделна плата, што е скоро трипати помалку од 600.000 илјади што ги има на „Бернабеу“.

Бејл е „државен непријател“ во Шпанија, во последните половина година навивачите само него го свиркаат, иако летоска беше херој со два гола во финалето во ЛШ за трета титула во низа во елитата и историски потфат.

Инаку бркањето на Бејл од Мадрид е за да се направи простор за новите големи ѕвезди и да се ослободи буџетот за да може да бидат ангажирани првите цели, Еден Азар, Кристијан Ериксен, Пол Погба...