Тен Хаг донел очекувана одлука за иднината на Роналдо во Јунајтед!
Според него, Португалецот веќе може да бара нов клуб, што најверојатно и била целта на фудбалерот, откако излегоа информации за неговите тајни состаноци со Баерн Минхен.
„Воопшто не го почитувам, тој не покажа почит кон мене. Ако не ме почитуваш мене, нема да те почитувам и јас тебе“, изјави Роналдо.
Веќе е сигурно дека фудбалерот ќе биде казнет со две плати што изнесува милион фунти, но најверојатно ќе му биде даден и отказ со одврзани раце да ја промени средината.