Татко против син во полуфиналето од Суперкупот на Италија
Интер вчера ја победи Аталанта и се пласираше во финалето од Суперкупот на Италија кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија. Денеска на програмата е вториот полуфинален дуел, а се среќаваат Милан и Јувентус.
Овој двобој ќе биде интересен и од еден поинаков аспект. На клупата на росонерите дебитира Серџо Консеисасо, а од другата страна ќе биде неговиот син Франциско Консеисасо.
Франциско игра во голема форма и на последните натпревари на Јувентус е еден од најдобрите во тимот.
Мечот меѓу Милан и Јувентус почнува од 20 часот.