Стартот на новата сезона во Бундеслигата е закажан за септември

Германската Бундеслига преку социјалните мрежи објави дека почетокот на сезоната е закажан за 18 септември, додека последното коло ќе се игра на 22 мај следната година.

Пандемијата со коронавирусот го помести стартот на новата сезона за еден месец, додека германскиот Куп ќе почне со натпревари од првиот круг од 11 до 14 септември, а финалето е закажано за 13 мај.