Срамен потег на Палас – дадоа гол додека голманот на Ливерпул лежеше во болки (ВИДЕО)
Драмата се случи во 71. минута, кога по еден дуел Фредерик Вудман, третиот голман на „црвените“, падна повреден на теренот, по што играчите на Ливерпул застанаа очекувајќи прекин од судијата Ендру Медли. Но, наместо фер-плеј шут во аут, следуваше шокантен момент. Даниел Муњоз ја искористи ситуацијата и шутираше кон празниот гол, постигнувајќи погодок за 1-2 додека голманот лежеше повреден.
Потегот предизвика огромен револт, особено на трибините на „Енфилд“, но судијата немаше основ да го поништи голот – немаше прекршување на правилата, туку стануваше збор за прашање на спортски дух. Реакцијата на публиката беше бурна, а Муњоз подоцна беше и погоден со топка при изведување на аут, што дополнително ја загреа атмосферата на стадионот.