Шпанските власти ја завршија истрагата за смртта на Жота – епилогот е (не)очекуван!
Несреќата се случи на лани на почетокот од јули на автопатот А-52, во близина на местото Сернадиља, на северот од Шпанија. Автомобилот во кој се наоѓале двајцата фудбалери излетал од патот, удрил во заштитна ограда и потоа се запалил. Истрагата ја водел Високиот суд на Кастиља и Леон, кој утврдил дека до трагедијата дошло поради пукање на гума, што довело до губење контрола врз возилото.
По деталната анализа на сите докази и вештачења, судот донел одлука дека нема основа за покренување кривична постапка. Сепак, оставена е можност за евентуална граѓанска постапка, доколку надлежните институции проценат дека постојат услови за тоа.