Драма за историја: Гол во 103. минута реши промоција – домаќинот од еуфорија до шок (ВИДЕО)
Гостите допатуваа со предност од два бода и им беше доволен и реми, додека домаќинот мораше да победи. Кога Емануел Дисеруве погоди во петтата минута од судиското надополнување (95) за 1-0, домашните навивачивлетаа на теренот, убедени дека нивниот тим обезбедил промоција. Но, натпреварот сè уште не беше завршен. По долгиот прекин, играта продолжи, а во 103. минута следуваше момент за историја. Џош Стоунс ја протна топката во мрежата за 1-1 и му донесе на Јорк враќање во професионалниот фудбал по десет години. Во само неколку минути, навивачите на Рочдејл минаа од еуфорија со влетување во теренот до - целосен шок.
Табелата дополнително ја потенцира драмата – Јорк сезоната ја заврши со 108 бода, додека Рочдејл собра дури 106. И покрај тоа што двете екипи ја надминаа границата од 100 бода, само една директно обезбеди пласман повисоко. Причината е системот во и промоција само на шампионот, додека екипите од второ до седмо место мораат во плејоф, а денешниот домаќин и покрај фантастичното бодовно салдо ќе мора да ја бара својата шанса преку доигрувањето.
Овој епилог ја отвори дебатата за праведноста на системот, бидејќи и Јорк и Рочдејл претходно побараа воведување на моделот со три директни места за влез во повисок ранг.