Босанците го распродадоа Кошево за натпреварот со Македонија!
Босна ќе ја пречека Македонија на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ кој сепак нема да биде исполнет до последното место поради проблем со статиката, но бројката на трибините ќе биде голема.
Претходно сојзуот информираше дeка се продадени 22.000 билети и дека нема уште многу во продажба, а денеска и официјално продажбата е затворена. За босанските навивачи ова ќе биде можност да ја испратат својата репрезентација на Светското првенство бидејќи ќе биде последен дуел пред турнироот на домашен терен.
Во САД како „генералка“ би можеле да одиграат и уште еден натпревар најверојатно со селекцијата на Панама.
На Мундијалот БиХ ќе игра во група со Швајцарија, Канада и Катар.