Кадетките ќе се соочат со Бразил во четвртфинале на Светското училишно првенство

Македонската женска кадетска репрезентација ќе се соочи против Бразил во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет - Скопје 2026.

Ракометарките се пласираа во четвртфинале со три победи, откако триумфираа против Бугарија, Грузија и Словачка, а утре од 10.30 часот ќе бркаат четврти триумф на турнирот.

Натпреварот меѓу Македонија и Бразил ќе се игра во салата „Македонски херои“ во Средното фискултурно училиште во Скопје.

Македонските кадети денеска имаат ден за пауза, а утре ќе се соочат против Саудиска Арабија од 12.30 часот во последниот дуел од групната фаза.

Фото: Федерација на училишен спорт на Македонија