Силекс во Бугарија ќе го игра мечот против Динамо Минкс!

Кратовскиот тим вчера го доби Динамо Минск како противник од првото коло во квалификациите од Конференциската лига, а сега дозна и каде ќе го игра домашниот меч.

Динамо Минск треба да биде домаќин на првиот натпревар, но не може да игра во Белорусија.

Белоруските клубови и репрезентациите од март 2022 година немаат право домашните натпревари да ги играат на свој терен. Поради поддршката кон Русија во војната со Украина.

УЕФА им наложи домашните мечеви да ги играат на неутрален терен без публика.

Динамо Минск одлучи мечот против Силекс да го игра во Стара Загора, Бугарија. Тој дуел се игра на 9 јули, а реваншот е седум дена подоцна.