Кукуреља бил договорен со Атлетико, но тогаш се појавил Реал!

Покрај Бернардо Силва, Реал Мадрид во овој преоден рок му го украде и Марк Кукуреља на Атлетико Мадрид.

Последните информации на „Марка“ велат дека Атлетико Мадрид имал вербален договор со Кукуреља.

Договорот бил постигнат и документите биле разменети и подготвени за потпис.

Но, пред да ги потпише, Кукуреља слушнал дека Реал Мадрид го сака и веднаш го прекинал контактот со Атлетико и го одбрал кралскиот клуб.