Роналдо денеска може да урне голем рекорд

Репрезентацијата на Португалија денеска од 19:00 часот игра против Конго, а во овој натпревар Кристијано Роналдо може да урне голем рекорд во репрезентацијата.

Имено, Роналдо досега на Мундијалите во дресот на Португалија постигнал осум голови, еден помалку од легендарниот Еусебио, па така јасно е дека е многу блиску да стане најдобар стрелец на Светските првенства за Португалија.

Во кариерата Роналдо, по еден гол постигна на Мундијалите во Германија (2006), Јужна Африка (2010), Бразил (2014) и Катар (2022), најефикасен беше во Русија кога четири пати стрелаше.

Дополнителна мотивација за Роналдо може да биде и настапот на неговиот „вечен ривал“, Лионел Меси кој во првиот натпревар на овој Мундијал против Алжир постигна хет-трик.