Давор Шукер најави сензационално враќање на Модриќ

Лука Модриќ во моментов се наоѓа на Светското првенство со Хрватска и вечерва ќе го одигра натпреварот од првото коло во групната фаза против Англија, а во исто време тема е и неговата клупска иднина. 

Легендарниот Давор Шукер во разговор за шпанска „Марка“ зборуваше за иднината на хрватскиот капитен и откри интересни детали.

„Само што ме прашаа дали Модриќ ќе продолжи во Милано или во Мадрид. Мислам дека нешто ќе се случи со Реал“, изјави Шукер.

На прашањето дали Модриќ навистина ќе се врати во Реал Мадрид, тој одговори:

„Сигурно ќе се врати ова лето, но не знам на кој начин. Да го почекаме крајот на Светското првенство, па ќе видиме што ќе се случи.“

Модриќ минатото лето пристигна во Милан и потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година, меѓутоа засега не е познато дали ќе ја искроисти таа опција.