Шкендија закажа силни тестови со Хајдук и шампионот на Словенија
Тетовскиот клбу веќе е сместен во Терме Чатеж каде што пристигна вчера и ќе остане до 30 јуни. Избраниците на Артим Положани првиот контролен дуел ќе го имаат на 19 јуни против домашниот Копер, потоа на 23 јуни ќе се соочат со Хајдук, па со шампионот на Словенија Целје на 27 јуни и последниот натпревар е против украинска Зорја на 30 јуни.
Шкендија летово повторно ја чекаат квалификации за Конференциската лига, а првата пречка ќе биде екипата на Европа од Гибралтар.
Тие натпревари Шкендиај ќе ги одигра на 9 и 16 јули.
