Јувентус по желба на Спалети тргнува по Елмас!
Елмас по истекот на позајмицата се врати во Лајпциг меѓутоа не се очекува да остане во редовите на германскиот клуб и според последните информации може да заврши во Јувентус.
Џанлука Ди Марцио тврди дека Спалети лично побарал од раководството на „старата дама“ да се обиде да го доведе Елмас. Спалети и Елмас соработуваа во еден период во Наполи и италијанскиот стратег има големи симпатии кон нашиот репрезентативец.
Во кариерата, Елмас во Италија го носеше дресот уште и на градскиот ривал на Јувентус, Торино.