Бразилскиот Роналдо за Меси: Време е светот да престане да затвора очи пред вистината!
Лионел Меси тргна со три гола на еден меч на овој Мундијал, притоа стана најдобар стрелец на Светските првенства израмнувајќи се со Мирослав Клосе.
„Рекордите се тука за да се соборат и не е изненадување кој ги соборува. На крајот на краиштата, Аргентина е актуелен бранител на титулата“, рече Роналдо, коментирајќи го преземањето на листата на најдобри стрелци на Светските првенства од страна на Меси.
Роналдо смета дека Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња и тоа треба сите да го признаат.
„Секој пат кога Меси ќе излезе на теренот, се случува нешто историско и елегантно. Време е светот да престане да затвора очи пред вистината дека тој е најдобриот играч на сите времиња. Тој се истакнува сезона по сезона, се истакнува на Светското првенство и покрај сè, сè уште има сомнежи за него. Ова е незаборавна и историска ноќ што засекогаш ќе остане во книгите по историја“, заклучи Роналдо.