Охрид нема време за одмор, вечерва го чека првата битка за европско финале!
Охрид игра одлично сезонава во Европа и во минатото коло беше подобар од Олимпијакос против кој посебно добро одигра на гости во Атина, па во таборот на охриѓани сега се надеваат и на уште едно слично издание на гостински терен.
Избраниците на Борис Ројевиќ немаа многу време за одмор бидејќи минатиот викенд водеа битка на фајнал-фор од Купот на Македонија во Струмица каде што загубија од Вардар во финалето.
„Се истрошивме во финалето против Вардар, но мораме да сме подготвени, сега играме со Целје на гости и одиме таму да дадеме се од себе и да оствариме победа. Нема да биде лесно, тоае една млада екипа која игра сериозен ракомет“, изјави ракометарот Дарко Гуѓиќ пред овој дуел.
Натпреварот во Целје се игра се игра во терминот од 18:00 часот и според најавите се очекува и солидна бројка на македонски навивачи. Исто така дуелот ќе се пренесува и во живо на третиот канал на МРТ.
Реваншот е закажан за на 23 мај во Охрид, а билетите за тој дуел веќе се пуштени во продажба и се продаваат по цена од 200 и 300 денари. ТУКА.