Марк Маркез по 245 дена за првпат до пол-позиција!
На патеката во Херез, Маркез блесна во исклучително тешки услови и постави најбрзо време од 1:48.087, со што стигна до својата прва пол-позиција оваа сезона во Мото ГП шампионатот
Одличниот настап на Маркез го следеа Јохан Зарко и Фабио Ди Џанантонио кои обезбедија место во првиот стартен ред.
Квалификациите ги одбележаа променливите временски услови, што дополнително ја отежна стратегијата и изборот на гуми, но Маркез успеа да го извлече максимумот кога беше најпотребно