Фулам ја урна Астон вила и продолжи да ја сонува Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фулам приредија мало изненадување и денеска ја совладаа Астон вила со 1-0 во натпреварот од 34. коло во Премиер лигата.

Фулам во натпреварот влезе со два натпревари без триумф, но денеска ги освои бодовите со кои си ги задржа надежите за излез во Европа наредната сезона. Астон вила од друга страна е четврта и со овој пораз има солидна во однос на Брајтон и Бормут кои се под цртата за место во Лигата на шампионите.

Денеска домаќините беа подобар противник и имаа иницијатива во најголем дел од натпреварот, а клучниот момнент се случи пред крајот на првото полувреме.

Рајан Сесењон кој неодамна го продолжи договорот со Фулам се најде на вистинското место и погоди во 43-тата минута. Мрежата на Астон вила се затресе и уште еднаш во второто полувреме, но тој погодок на Кастањ беше поништен поради недозволена позиција.