Вардар почна да продава билети за Монепеље: Заедно да го направиме последниот чекор!
Првиот дуел од овој двомеч е закажан за на 5 мај (вторник), со почеток од 20.45 часот во салата „Јане Сандански“. Од клубот потенцираат дека тимот се наоѓа на чекор до завршницата во Лига Европа, па токму затоа поддршката од трибините може да има клучно влијание во борбата за пласман понатаму. Билетите за натпреварот се веќе достапни за онлајн купување, а нивната цена се движи од 300 до 500 денари.
Вардарци апелираат до навивачите да ја наполнат салата „Јане Сандански“ и заедно со тимот да го направат последниот чекор кон посакуваната цел.