Преубава судијка е нова ѕвезда на италијанскиот фудбал – сама ги полни трибините (ФОТО)
Младата преубава судијка моментално дели правда во Серија Д, но интересот што го предизвикува далеку го надминува тоа ниво. Според италијанските медиуми, нејзиното присуство веќе влијае и на посетеноста – трибините се полни, а вниманието на јавноста значително зголемено. Сепак, не станува збор само за популарност. Виџиле добива високи оценки од Италијанската судиска асоцијација (АИА), што потврдува дека зад вниманието стои и квалитет на теренот.
Сигурност во одлуките, авторитет во комуникацијата и смиреност под притисок – се дел од карактеристиките што ја издвојуваат од останатите колеги. Надвор од теренот, нејзината популарност дополнително расте преку социјалните мрежи, каде ја следат повеќе од 100.000 луѓе. Со објави од професионалниот и приватниот живот, таа успева да се доближи до пошироката публика. Токму тој спој на спорт и медиумско внимание предизвикува и поделени реакции – додека едни сметаат дека носи нова енергија во фудбалот, други веруваат дека фокусот треба да биде исклучиво на судењето.
Виџиле доаѓа од Чезена и важи за една од најперспективните судијки во Италија, а со темпото со кое се развива, преминот во Серија А изгледа како логичен следен чекор. На нејзиниот профил стои пораката: „Притисокот е привилегија“ – а според тоа што го покажува, таа е подготвена за сè што следува.