Спектакуларен пресврт на Баерн Минхен – Леверкузен сѐ поблиску до ЛШ (ВИДЕО)
Домаќините по првите 45 минути имаа огромна предност со головите на Кор, Небел и Беренс, но во вториот дел Баварците демонстрираа шампионски карактер. Пресвртот го најави Николас Џексон, а потоа Мајкл Олис намали на 2-3 во 73. минута. Нападите на тимот на Винсент Компани продолжија, па Џамал Мусаила донесе израмнување во 80. минута, додека само три минути подоцна Хери Кејн го постави конечниот резултат за 26-та победа сезонава на Баерн.
Нов триумф забележа и Баер Леверкузен, кој славеше кај Келн (2-1) и се доближи до местата што водат во Лигата на шампионите. Двата гола за „фармацевтите“ ги постигна Патрик Шик. На останатите средби, Хајденхајм славеше над Сент Паули (2-0), Аугзбург и Ајнтрахт Франкфурт ремизираа (1-1), а Волфсбург и Борусија Менхендладбах ги поделија бодовите без голови.