Соиграчите се збогуваа од капитенот, бели ружи за Астори (ВИДЕО)

Играчите и стручниот штаб на Фиорентина денеска се собраа пред стадионот „Артемио Франки“ за да му оддадат почит на трагично починатиот капитен.

На официјалното видео кое го објави Фиорентина, се гледа како играчите заедно доаѓаат до оградата на стадионот на која навивачите последниве денови оставаат пораки, цвеќиња, фотографии, клупски шалови во сеќавање на Астори...

Своите соиграчи ги предводеше хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ, кој на оградата положи бела ружа, а играчите оставија и два потпишани дреса на Астори со бројот 13 и голема фотографија на својот капитен на која секој од нив остави порака.