Наполи синоќа во Удине се круниса за нов шампион на Италија, првпат по 33 години, со цел меч за македонскиот дијамант Елиф Елмас, гол на Виктор Осимен, па илјадници наполитанци по последниот судиски свиреж од десетината илјади кои дојдоа на мечот со Удинезе влетаа на теренот, ама славјето им го расипаа домашните ултраси.

Откако наполитанците влетаа на терен, имуни на сцените не останаа ултрасите на Удинезе, кои исто така влетаа на терен, па почнаа да тепаат сѐ што им дојде пред нив. Се користеа каиши, боксови, клоци... Полицијата која требаше да воспостави ред ја загуби контролата, па на наполитанците кои дојдоа да слават им преседна забавата, зашто добија – здрав ќотек.