
Славен Билиќ се враќа во Премиер лигата!?
Грем Потер е пред отказ, а англиските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој ќе биде неговиот наследник.
За најголем фаворит важи Нуњо Еспирито Санто, а веднаш по него е Славен Билиќ, тие се споменуваат како реални опции. Останатите се Брендан Роџерс, Герет Саутгејт...
Билиќ беше тренер на Вест Хем од 2015 до 2017 година, во тој период го водеше тимот на 109 натпревари, оствари 42 победи, 30 нерешени и 37 порази.