Сити ќе плаќа адвокат по 400.000 фунти неделно за да ги спаси од – пропаст!

Англискиот првак Манчестер сити ќе плаќа адвокат по 400.000 фунти неделно, колку што земаат најдобрите фудбалери на тимот како Кевин Де Брајне и Ерлинг Халанд, за Лорд Паник да ги брани од пропаста која му се заканува на премиерлигашот од „Итихад“.

Сити се најде во тесно со обвиненија за 100 прекршоци околу финансискиот фер-плеј и финансирањето на клубот, после четиригодишна истрага која започна во 2018 година, па на клубот сега му се заканува и исфрлање од Премиерлигата, со тоа што најлошото сценарио е да оди тимот во најнизок ранг – англиските нон-лиги.

Лордот Паник сега е ангажиран за да ги одбрани од обвиненијата и да го „исчисти нарушениот углед“, а овој адвокат беше дел од тимот на поранешниот премиер Бориџ Џонсон во аферата „Партигејт“ која избувна на Островот во екот на пандемијата со коронавирус.

Лордот Паник наплаќа по 5.000 фунти од час, па ако работи полно време ќе ги одере „граѓаните“ со 400.000 фунти неделно. Сити е под обвинение за малверзации со финансиите, т.н. „финансиски допинг“ во периодот од 2009 до 2018 година.

Англискиот гигант беше на тапет и кај УЕФА која го суспендира од ЛШ на две години за прекршување на финансискиот фер-плеј, но потоа на Арбитражниот суд во Лозана, гигантот од Манчестер го доби процесот и мина само со парична казна од 10 милиони евра, а суспензијата му беше укината.