Синот на Роналдо со една фотографија ги освои навивачите на Јувентус! (ФОТО)

Кристијано Роналдо вчера го помина официјалниот дел од трансферот во Јувентус, а тој беше проследен од илјадници фанови на „Старата дама“, искажувајќи му ја љубовта на најдобриот на светот.

Денеска сите „тифози“ на Јуве добија нов повод да бидат воодушевени. Роналдо го донесе со себе своето семејство, свршеницата Георгина и децата, а најголемиот меѓу нив веднаш им влезе под кожа на навивачите.

Се фотографирал во црно-белиот дрес, пред името на Јувентус и тоа во препознатливата поза на својот татко, кога ќе постигне гол. 

Роналдо потпиша четиригодишен договор со Јуве, за плата од 30 милиони евра годишно.