Синот на Буфон ќе игра за репрезентацијата на Чешка

Фудбалерот на Пиза, Луј Буфон има само 17 години и наскоро ќе ја почне репрезентативната кариера, односно ќе го облече дресот на Чешка.

Многумина очекуваа дека ќе го носи дресот на Италија, меѓутоа Луј реши да го прифати повикот од земјата на неговата мајка.

Селекцијата на Чешка за фудбалери до 18 години во март ќе се соочи против Англија и Франција.