Шпанска „Марка“: Готово е! Герет Бејл има нов клуб (ФОТО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, ќе потпише тригодишен договор со кој ќе му бидат загарантирани 22 милиони евра во кинескиот Џиангсу Сунинг, пренесува шпанска „Марка“.

Како што пренесува Марка, останува само уште двата тима да се договорот околу деталите. Со договорот Бејл ќе стане најскапо платениот фудбалер во светот.

Бејл во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од редовите на Тотенхем за сума од 100 милиони евра, што во тој момент беше најскап трансфер во историјата на фудбалот. Тој со „кралевите“ освои четири титули во Лигата на шампионите, но поради лошите односи со Зинедин Зидан ќе мора да го напушти „Сантијаго Бернабе“.