Шок за ПСЖ - Нејмар мора на операција, ќе паузира два месеци!

Бразилецот Нејмар одлучи да му биде извршена операција на метатарзалната коста, поради што не само што ќе го пропушти реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, туку ќе мора да паузира и два месеци.

Пари Сен Жермен нема да може да смета на најдобриот играч во клучниот дел од сезоната, но брзоногиот Бразилец не сакаше да ризикува и да го загрози учеството на Мундијалот во Русија, што беше главна причина за одлуката за оперативен зафат.

Се проценува дека Нејмар на терените би се вратил кон почетокот на мај, а до натпреварот со Швајцарија на 17 јуни на стартот од Мундијалот, ќе има доволно време да биде комплетни фит.

Реваншот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид е закажан за на 6 март, а на првиот натпревар Реал славеше со 3-1.