Шок за Каталонците: Третолигаш води против Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона моментно играат на гостински терен против Ибица, во рамки на 1/16 финалето во Кралскиот куп.

Кике Сетиен се одлучи да одмори неколку стандардни играчи, но и покрај тоа Барселона во овој меч влезе како голем фаворит, иако во овие моменти тоа не се покажува на теренот.

Во деветатата минута Ибица поведе со 1-0, а мрежата на гостите ја затресе Матео Перез, за ерупција на воодушевувања кај домашните навивачи.