
Шешко стана втор најскап фудбалер од просторите на поранешна Југославија
Сумата која Јунајтед ја издвои за својот нов фудбалер изнесува 85 милиони евра со штто Шешко стана втор најскап фудбалер од просторите на поранешна Југославија. Пред него е само Јошко Гвардиол кој пред две години се пресели исто така од Лајпциг, но во градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити за 90 милиони евра.
Шешко има само 22 години и е еден од најдобрите напаѓачи во европскиот фудбал. Во словенечката репрезентација веќе е четврти најдобар стрелец со 16 гола и нема сомение дека ќе го нападне рекордот на Златко Заховиќ кој од 1992 до 2004 година постигна 35 гола.