Селта и Валенсија си ги поделија бодовите во Виго (ВИДЕО)

Селта и Валенсија одиграа нерешено (1-1) во Виго во рамки на 34. коло во шпанската Примера.

Иако Валенсија беше фаворит во натпреварот, на крајот на успеаа да слават. До предност стигнаа во 59. минута преку Санти Мина, но кратко траеше славењето на гостите бидејќи четири минути подоцна Селта израмни на 1-1 преку Максимилијано Гомез.

Валенсија сега има три натпревари без победа, но и понатаму се наоѓа на четвртото место кое води во Лигата на шампиони.