
Сампдорија првпат победи на домашен терен оваа сезона во Серија А! (ВИДЕО)
Во 27. коло од Серија А, Сампдорија првпат победи на домашен терен, падна Верона која исто така е во зоната за испаѓање и води грчевита борба за опстанок.
Двоен стрелец за Сампдорија беше Габиадини, двата гола ги постигна во првото полувреме и донесе предност од 2-0 за домаќините.
Во вториот дел Верона беше подобар противник, на Гаич двапати му беше поништен гол поради офсајд.
Во 89. минута Фараони конечно даде гол и намали на 2-1, донесе надеж дека сепак може да се избегне пораз, но Сампдорија успеа да се одбрани, а во 98. минута по една контра преку Заноли да ги постави конечните 3-1.