„Само Ибрахимовиќ може да нè спаси сезонава!“

Според зборовите на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Клејтон Блекмор, Златниот Ибрахимовиќ е единствениот човек кој може да ги спаси „црвените ѓаволи“.

Велшанецот помина 12 години во тимот од „Олд Трафорд“, од 1982 до 1994 година, и во тој период забележа 162 настапи. Тој за британски „Мирор“ изјави дека единствено решение да се спаси оваа сезона е да се донесе Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот беше одличен во дресот на Јунајтед во сезоната 2016/17 кога на сите натпреварувања постигна 28 голови. Во 2018 година замина во американската МЛС лига каде е една од најголемите ѕвезди и покрај тоа што има 38 години.

Им недостасува напаѓач кој може да ги смири долгите топки и да постигне гол во скок играта. Оваа сезона само Ибрахимовиќ може да нè спаси. Тој е веројатно најдобриот напаѓач од ваков вид што може да го имате. Исто така постигнува многу голови. Со текот на годините, се ослободивме од многу добри напаѓачи, Руни. Ван Перси, а не најдовме соодветна замена за нив. За Ибрахимовиќ не треба да се двоумите, истакна Блекмор.

Тој додаде дека нема да му пречи на Јунајтед доколку го донесе и Роберт Левандовски, но за тоа прво се прашува тимот на Баерн Минхен кој сигурно нема лесно да го даде својот голгетер.

И тој би бил совршен. Тешко е да се бара да се донесе таков играч, но тој е тип на играч кој му треба на клубот, додаде 55-годишниот Блекмор.