Роналдо: Јас сум најдобриот во историјата на фудбалот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, по петтата добиена Златна топка, си постави пред себе уште една цел дека до крајот на кариерата мора да освои уште две вакви награди.

Роналдо се изедначи со фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, и сега го делат рекордот со пет Златни топки кои традиционално ги доделува францускиот магазин „Франс фудбал“.

„Сакам да освојам седум Златни топки. Сакам да имам и исто толку деца“, со насмевка на лицето порача Роналдо на свеченоста во Париз.

Португалскиот ас се смета себеси за најдобар играч во историјата на овој спорт.

„Јас сум најдобриот играч во историјата на фудбалот. Не гледам дека некој е подобар од мене, никој не остварил толку многу колку што остварив јас и никој друг нема да го достигне она што го достигнав јас“, изјави Роналдо за Франс фудбал.