Рома без муниција против Калјари, Лацио лесно ја совлада Венеција

Вечерва беа одиграни уште два меча од Серија А, при што Рома одигра 0-0 против Калјари, додека Лацио ја совлада Венеција со 3-1.

Венеција постигна гол за водство во третата минута преку Андерсен, по што Лацио го возврати ударот преку Кастелјанос и Закањи од пенал.

Екипата од Рим стигна и до трет гол, кога Алтаре си постигна автогол и ја потврди победата на Лацио од 3-1.