Невидена трагедија во Газа: Убиен фудбалер со сопругата и четирите деца

Страшна трагедија се случила денеска во појасот Газа откако во бомбардирање од израелската војска се убиени 40, а над 60 лица се повредени.

Меѓу жртвите е и фудбалерот Хамди Лубад кој загинал заедно со неговата сопруга и четирите деца во нападот на зградата во која живеат. Бомбардирањето се случило во рани утрински часови, а жртвите биле фатени на спиење. 

Лубад бил член на Фудбалскиот клуб Ал Јармук, а тој е вкупно 303. фудбалер што загинал од почетокот на војната на Блискиот исток.