Гарначо си направи проблем - „лајкна“ пост на Инстаграм во кој Роналдо го критикува Тен Хаг (ФОТО)

Младиот аргентински фудбалер Алехандро Гарначо повторно предизвика бура во Манчестер Јунајтед откако „лајкна“ пост на Инстаграм, објавен од италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Постот е цитат од изјава на Кристијано Роналдо кој го критикува менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг за неговиот, како што вели, лузерски менталитет. Познато е дека португалскиот ас е идол на Гарначо и постојано ги следи неговите објави, но дури и навивачите овојпат го искритикуваа за неговиот потег.

Подоцна Гарначо го тргна „лајкот“, но интернет ништо не заборава, па ни претходната постапка. Засега нема реакција од Ерик Тен Хаг.