Барселона и Алборг со сигурни победи стартуваа во Лигата на шампионите

Барселона и Алборга кои играа финале на последниот фајнл-фор турнир во Келн со сигурни победи стартуваа во новата сезона на Лигата на шампионите.

На свој терен Барселона беше подобра од Клоштад од Норвешка со 30-35. Предводник на Барселона беше искусниот Дика Мем со шест постигнати гола. На спротивната страна исто толку постигнаа Јонсен и Сонден,

Поразниот од минатогодишното финале, Алборг не дозволи изненадување против француски Нант и запиша триумф од 38-31. Расположен за игра во денешниот натпревар беше Томас Арнолдсен кој постигна дури 11 гола, седум за Нант беа дело на Валеро Ривера.

Ќе потсетиме, својот натпревар во ракометната елита, вечерва од 21:00 часот го игра и битолски Пелистер.