Босанчиќ: Ако играме како во второто полувреме со Гостивар – нема зима за нас!

Екипата на Вардар одигра нерешено на завчерашното гостување кај фаворизираниот Гостивар (1-1), а стрелец на колот вреден голем бод беше последното засилување за тимот, Немања Босанчиќ.

Српскиот фудбалер од средниот ред е презадоволен од играта на својата екипа во второто полувреме, потврдувајќи дека тоа треба да биде рецепт за до крајот на сезоната.

„Во мечот влеговме со преголем респект кон Гостивар. Првото полувреме мора веднаш да го заборавиме, но играта во второто полувреме треба да ни биде рецепт како понатаму во сезоната. Ако играме така, ќе нема зима за нас. Задоволни сме со освоениот бод, иако пред мечот ги сакавме сите три. Гостивар е прилично добра екипа, така што мислам дека 1-1 е најреален исход“, изјави Босанчиќ.

Вардар по пет одиграни кола е последен на табелата со четири бодови, колку што имаат и Беса, Тиквеш и Воска, но со подобра гол-разлика. Следен противник за црвено-црните е Новаци, меч закажан за утре во првата фаза од Купот на Македонија.