Олимпија го промовираше Димитријевиќ пред фановите (ФОТО)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ денеска и официјално беше промовиран во редовите на италијанскиот тим Олимпија Милано.

Димитријевиќ заедно со останатите засилувања кои ги доведе Олимпија беа промовирани пред фановите кои имаа можност да направат селфи и да добијат автограми.

Пред два дена Димитријевиќ го имаше и своето прво интервју како играч на Олимпија во кое зборуваше за своите цели и амбиции во новиот клуб (ТУКА).