Димитријевиќ: Настапот во Евролигата ќе ми биде остварување на - детскиот сон!
Нено Димитријевиќ почнува нов, голем предизвик, во новата сезона ќе настапува во Евролигата, најсилното клупско кошаркарско натпреварување на стариот континтент.
Македонскиот кошаркар вели дека отсекогаш сонувал да игра во Евролигата која ја следел од најрана возраст и знае сѐ за оваа лига. Нено со нетрпение чека да почнат натпреварите и да се покаже пред италијанската публика.
„Многу сум среќен што сум тука, искрено. Ја следам Евролигата од седум години, ја знам историјата, знам кои победувале на Фајнл-фор турнирите, ги знам играчите од секој тим. Да се биде дел од оваа лига е остварување на сонот. Не можам да дочекам да почне и да покажам што можам“, вели Димитријевиќ.
„Првите недели во Милано беа неверојатни. Ги запознавам луѓето, оние кои работат во клубот, моите соиграчи. Среќен сум, гледам многу добри момци, со кои ќе ми биде задоволство да го делам паркетот и да имаме победничка сезона“.
„Тренерот Месина ми рече да бидам свој. Тој вели дека доколку бидам свој и останам агресивен, тогаш добрите работи ќе следат. И тоа е тоа што сакам да го правам“.
Димитријевиќ вели дека негов омилен играч е Милош Теодосиќ иако проучувал повеќе кошаркари кои играат на неговата позиција.
„Отсекогаш сум ги студирал кошаркарите кои играат на мојата позиција. Василис Спанулис е еден од нив, Никос Зисис е друг, но ако треба да го именувам мојот омилен кошаркар ќе речам Милош Теодосиќ. Исто така го почитувам Чачо, има многу добри играчи, но отсекогаш мој омилен бил Теодосиќ“, открива Нено.
„На теренот секогаш се обидувам да креирам предност за мене и за моите соиграчи. Без разлика на ситуацијата, мојот најдобар квалитет е да го најдам најдоброто решение за да му помогнам на тимот. Сакам да бидам гласен, се обидувам да бидам лидер. Тоа е она што се обидувам да го правам“.