Миовски по голот против Ерменија објави радосна вест - запливал во брачните води! (ФОТО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски по натпреварот против Ерменија во кој беше и стрелец објави дека запливал во браничните води со својата избраничка Сара.

Миовски е некој кој не сака јавно да зборува за својот приватен живот, па така и за овој убав момент не се познати премногу детали, освен фотографиите кои напаѓачот ги објави денеска на својот Инстаграм профил.

Инаку, Сара е девојка која пред врската со Миовски долги години живееше во Германија во Лајпциг со своите родители. Нивната врска Миовски ја потврди на почетокот на оваа година исто така со заедничка фотографија на социјалните мрежи.

На објавата Миовски доби многу честитки, како од пријателите, така и од сегашните соиграчи од репрезентацијата на Македонија.