Несторовски имаше одлично деби во дресот на Славен Белупо

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски имаше одлично деби во редовите на Славен Белупо.

Несторовски кој со овој трансфер се врати во хрватскиот фудбал денеска го постигна победничкиот гол во минималната победа против Кустошија во 1/16 финалето од Купот.

Македонскиот напаѓач во листата на стрелци се запиша во 55. минута.