Американците ја открија платата на Покетино, ќе го финасираат двајца милијардери

Поранешниот тренер на Челси, Маурисио Покетино беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на САД и за него ова ќе биде прв селекторски ангажман по работата во клупскиот фудбал.

Медиумите сега ја откриваат и заработката за Покетино од двегодишниот договор. Според информациите на „ЕСПН“, Покетино ќе заработи 12 милиони долари и тоа е најголемиот договор кој го добил еден американски селектор.

Неговото доаѓање како што се открива го финансирале двајца американски милијардери, Кенет Грифин и Скот Гудвин.

„Енергијата, страста и желбата да постигнам нешто историско тука ме инспирираа да го прифатам предизвикот. Гледам група на играчи полни со талент и потенцијал, а заедно ќе изградиме нешто посебно на што цела нација ќе биде горда“, изјави Покетино.